Алибаба е економски посилна од Шведска

Ма верува дека до 2036 година компанијата ќе биде меѓу првите пет економии, зад Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Европската Унија (ЕУ) и Јапонија.

Кинескиот гигант Алибаба од 2036 година ќе биде петта сила во светската економија, изјави нејзиниот основач Џек Ма. Алибаба сега е економски посилна од Шведска, Полска, Иран, Норвешка и Австрија. Во моментов таа е на листата на 22-те најголеми економии во светот, веднаш зад Аргентина.

Алибаба

„Ако една компанија може да им служи на две милијарди корисници, тоа е една третина од вкупното население. Ако може да создаде 100 милиони работни места, тоа е веројатно повеќе отколку што повеќето влади можат да постигнат. Ако може да го поддржи својот бизнис со десет милиони евра, тоа се вика економија“, изјави Ма.

Алибаба сака да се направи една милијарда долари профит до 2020 година и да стане 16. економија во светот, поголема од Турција или Саудиска Арабија.

Ма верува дека до 2036 година компанијата ќе биде меѓу првите пет економии, зад Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Европската Унија (ЕУ) и Јапонија.

„До тогаш треба да се отворат 100 милиони работни места”, изјави Ма.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk