Свети Наум Охридски

Култура

Свети Наум Охридски Чудотворец (830 – 910) еден од основоположниците на словенската и македонската писменост, просветен средновековен научник, писател, а и учител. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во Македонија. Роден е во првата половина на IX век. Еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски во Охридската книжевна школа, во Македонија. Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.

Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.

Наум Охридски бил и основоположник на монаштвото на овие наши простори. Строго ги почитувал монашките редови а така ги воспитувал и своите следбеници. Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро.

Please follow and like us: