Теквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид, викендов на меѓународен турнир во Бугарија

Спорт

Таеквон-до „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид викендов ќе земе учество на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир до 18 години, кој ќе се одржи во Перник соседна Бугарија.

-На овој турнир ќе настапиме со 10 натпреварувачи, половина дебитанти половина редовни натпреварувачи, кои за противници ќе ги имаат репрезентативците на Бугарија, кои воедно ќе им се одличен тест за наредното Европско првенство во април месец во Прага, а за дебитантите кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и ветуваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи, ќе биде одлично искуство. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво изјавува Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ, кој не испушта прилика да изрази јавно најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, кој и овој пат е најзаслужан за нивното учество на овај натпревар.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged