Сè повеќе поддржувачи го напуштаат Заев

Македонија

Расте незадоволството во СДСМ. Сè поголем број на истакнати членови и долгогодишни поддржувачи на партијата се откажуваат од Зоран Заев и политиките на власта. Неистомислениците гласно го искажуваат револтот од „правиот пат“ по кој продолжува премиерот и СДСМ.

Виктор Евтимовски, познат како Шема и сопственик на клубот „Ла Лара“, до неодамна важеше за еден од најважните поддржувачи и активисти на СДСМ во скопскиот регион. Но, вчера преку симболично кинење на членската книшка јавно го покажа своето незадоволство од партијата и нејзиниот претседател.

-Збогум СДСМ најпедерска партија, напиша Евтимовски во стилот на Зоран Заев.

Неговото незадоволство ескалираше по вчерашниот состанок на Централниот одбор на СДСМ.

Во последниот период Заев го напуштија двајца советници, советничка за земјоделски политики Ленче Николовска и подобрување на меѓуетничките односи Мерсел Биљали, но други вработени во Владата.

На списокот советници на Заев веќе неколку месеци го нема ниту универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој според договорот требаше да го советува премиерот до крајот на 2019 година. Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски ја одби понудата на премиерот да биде ангажиран како советник, а со него си замина и неговиот советник, некогашниот шарен револуционер Бранимир Јовановиќ.

Заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, не само што си даде оставка и се повлече од Владата, туки се повлече и од Централниот одбор на СДСМ.

И портпаролот Миле Бошњаковски пред неколку месеци замина на сигурна позиција во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged