(ФОТО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид положи свежо цвеќе пред спомен обележјата во паркот по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид

Охрид

Делегација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид предводена од претседателот Сашо Донев, денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата во градскиот парк, по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на градот.

Воедно од општинскиот комитет упатија и честитка по повод празникот во која се вели:

„7 Ноември е еден од најсветлите историски датуми за нашиот Охрид кога во 1944 година на олтарот на слободата на градот останаа на вечна стража храбрите борци. Ден кога се потсетуваме на многу славни херои, меѓу нив и Јасна Ристеска кои ги положија своите животи за слободен Охрид.

Херојството и визијата на жртвите за слободен Охрид се должни за почит, а нивниот спомен е аманет за зачувување на својата татковина, Република Македонија.

Тоа е наш долг кон нашите претци и наш завет кон нашите поколенија.

Охрид се сака со дела, а патот на Охрид како подобро место за живеење ќе добие вистинска насока само со обновата на Македонија.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!“      

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged