(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО И ВИДЕО) Охрид го доживеа најголемиот срам на денот на ослободувањето

Охрид

На одбележувањето на 75 годишнината од ослободувањето на градот, Охрид го доживеа најголемиот срам. Неколку кучиња беа жртви на труење кое се случи на градскиот плоштад, пред очите на охриѓани, но и на туристите кои се’ уште се присутни во градот, а кои за овој срам ќе посведочат во земјите од каде доаѓаат.

Граѓаните прашуваат зошто ова мораше да се случи баш на денот на ослободувањето на Охрид и дали ќе се пронајдат сторителите на овој срамен чин кој сериозно ќе наштети на имиџот на градот?

Денес на сред плоштад во Охрид се десија труежи. Затруени начекавме три душиња. Менда, Слонче и едно друго мечуле на кое…

Posted by Климент Арнаудов on Thursday, 7 November 2019

Уличните кучиња се долгогодишен проблем на Охрид, локалната власт на СДСМ уште од почетокот на мандатот најави решавање на проблемот, но се остана на најава.

Речиси три години наместо сериозно решавање на овој проблем, локалната власт освен лаги, ветувања и потрошени пари не направи ништо друго.

Градоначалникот Константин Георгиески и првиот човек на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски, веќе подолго време најавуваат стационар за кучиња, каде треба да бидат згрижени токму скитниците, но и покрај најавите дека е веќе готов и дека се чекаат финалните дозволи од стационарот ништо, иако со одлука на Советот на Општина Охрид во повеќе наврати се одобрени средства за стационарот , за набавка на возила и вработување луѓе. Последната информација од власта е дека со мораториумот за градба ќе почека и изградбата на овој објект. А дотогаш можеби ќе сме сведоци и на уште вакви немили настани, за жал.

Она што како прашање си го поставува охридската јавност, е дали после овој денешен срам некој ќе сноси одговорност, односно дали директорот на Охридски комуналец, Грданоски, ќе си поднесе оставка?

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged