Одговорност од Георгиески и Грданоски за труењето на бездомните кучиња мора да има

Охрид

Масовното труење на бездомни кучиња на градскиот плоштад ја згрози јавноста. Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески наместо Охрид да биде пријателско место и за домашните миленичиња и за бездомните животни, стана место на монструозно дивеење и садистичко изживување над животните, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиновски, кој запраша дали ова е хуманиот третман за животните?

– До кога Георгиески ќе го чува директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски и заедно ќе го игнорираат овој проблем?Господине Георгиески уште што треба да се случи за да се разбудите и да преземете конкретни чекори?Георгиески и Грданоски треба да одговараат за загрозување на безбедноста на сѐ што е живо не само на градскиот плоштад туку и во градот. Георгиески да го разреши директорот Грданоски затоа што оставањето отров, којшто тешко се наоѓа со посебна процедура, на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот, рече Божиновски.

Тој истотака запраша зошто и покрај тендерот за заловување, стерилизација и кастрирање на бездомни животни, обезбедени средства, вработени луѓе, набавени возила и комплетна опрема за заловување не функционира стационарот во „Мaуцкер”?

– Со локалната власт на СДСМ ниту профункционира стациoнарот, ниту закони, ниту полиција која постапува и штити. ВМРО-ДПМНЕ бара брза реакција и разрешница од СВР Охрид, Јавното Обвинителство и Агенцијата за храна и ветеринарство. Господине Георгиески Ве потсетуваме уште еднаш на тоа што го порача виолинистката Ванеса Меј на отворањето на манифестацијата „Охридско лето“: „Властите да не даваат бесплатен отров за труење на бездомните кучиња!“ СДСМ и Георгиески не се на правиот пат затоа што не преземаат конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња, нагласи Божиновски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged