По повод 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга предводена од претседателот Мирче Аџиоски, положи свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата.

Воедно оттаму упатуваат и честитка по повод ослободувањето на градот и христијанскиот празник Митровден.
Во честитката се вели:
„На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од фашистите. Никогаш нема да ја заборавиме вашата визија и аманет за силна, стабилна и слободна Република Македонија! Нека е честит и вековит денот на ослободувањето на Струга!“


ОХРИД 24
Please follow and like us: