И покрај промената на името, Македонија може да остане без ЕУ, откако Мицотакис најави вето

Свет

И покрај договорор со Грција, за промена на државното име, Македонија може да остане без ЕУ. Ова доаѓа по изјавата на лидерот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, кој рече дека ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Ќе го искористам секое правно и дипломатско средство за да ги ублажам негативните последици од Преспа, ќе го искористам правото на вето во отворањата на поглавјата за интеграција на Скопје во ЕУ, нагласи Мицотакис.

Дел од домашните и грчките аналитичари коментираат дека ваквите изјави на Мицотакис треба да се земат сериозно, бидејќи неговата партија Нова Демократија е фаворит на следните парламентарни избори во Грција.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged