Република: Зошто Заев и Пендаровски кријат за средбата со Сорос во Охрид и како државната полиција стана приватна?

Охрид

Во текот на вчерашниот ден метеж на Охридскиот аеродром, блокирани улици, сообраќајна полиција на секои стотина метри, присуство на луѓе од Шестата управа. Вип третман, скапи автомобили, и приватен авион на Охридскиот аеродром, за група патници кои допатуваа и се сместија во хотелот „Јуник“ во Охрид. И сето ова не се однесувало на денешната трилатерална средба Заев, Вучиќ и Рама, пишува Република.

Како што дознава Република ваквиот трерман бил наменет за синот на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос, Александер Сорос, кој придружуван од четири соработници, остварил тајни средби со македонскиот државен врв: премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Дека станува збор за тајна средба на премиерот и претседателот со синот на шпекулантот милијардер Сорос говори и фактот што за средбата не беа известени ниту медиумите, и спротивно на декларативните заложби за отворена влада, ваквата средба се одвиваше далеку од очите на јавноста и Владата воопшто не извести за неа.

Игри зад кулисите и зошто Заев ја крие оваа средба?

Според неофицијални информации до кои дојде Република , со Алекс Сорос допатувале неговите соработници Зак Греам, Лаура Дилбер, задолжена за комуникации и пропаганда на мрежата Сорос, Томас О’брајан и Гибсон.

Директорка за стратегиски комуникации на фондација Отворено општество

Неофицијално, теми на тајниот состанок биле:

1. Злоупотреба на средства на Сорос кои претходно биле дадени на користење на власта, а кои биле употребени низ сомнителни канали и без видлив резултат.

Упатените велат дека подолг период се врши интерна проверка во Организацијата на Сорос и следење на случај за можна злоупотреба на финансиски средства од страна на челни луѓе од власта во Македонија.

2. Конкретизирање и дефинирање на мрежа за фино корумпирање на медиуми и влијателни личности кои треба да и помогнат на власта и владата на Заев во пресрет на изборите, особено што алармот бил вклучен по анкетите кои покажуваат пораз на Заев.

Неофицијално, бил договоран финансиски пакет за престојната кампања која вклучува корумпирање на медиуми и влијателни личности кои ќе треба да ја фалат Владата.

Воедно не се исклучува можноста, иако немаме потврда за тоа, да имало средба и со албанскиот премиер Рама, кој денес учествува пак на трилатералната средба во Охрид Заев, Вучиќ, Рама. Ова не би било изненадување особено ако се знае дека поранешната сопруга на Рама, Делина Фицо раководи со Сорос на Балканот.

Џорџ Сорос е контроверзен милијардер кој беше протеран од Унгарија и непожелен во неколку други земји. Тој стана дел и од длабоката држава која често знае да е предмет на критика од страна на претседателот на САД Доналд Трамп.

Она што исто така отвора дилеми е што меѓудругото се злоупотребени и државните ресурси, полиција, пречек, и безбедносна придружба на групата предводена од Алекс Сорос кој не е репрезент на држава ниту има дипломатски статус за да ги ужива таквите придобивки и третман. Ваквото приватизирање на полицијата значи и кривична одговорност за злоупотреба и за оние кои ја издале таквата наредба.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged