Струга пред банкрот, а Мерко и СДСМ пред избори објавуваат оглас за 30 нови вработувања

Регион

Локалната самоуправа предводена од Рамиз Мерко во договор со коалиционите партнери од СДСМ, објави оглас за вработување на 30 лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

Оттаму прашуваат како се објавува оглас за нови вработувања, а во последниот извештај на ревизорите, заклучено е дека општината нема финансии бидејќи сметката е веќе подолго време блокирана!?

– На само неколку месеци пред Парламентарните избори, објавувате огласи за вработување, а во општината немате доволно столчиња за сите. Зарем толку се исплашивте, па сега последна сламка за спас ви е да ја пренатрупате општината, со цел да изнудите повеќе гласови на претстојните избори? Со вакво темпо, коалицијата СДСМ – ДУИ ја носи општината во банкрот и тотален колапс, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

Апелираат, Јавното обвинителство да отвори случај и добро да ги разгледа извештаите од ревизорите и нивните препораки дека општината е во финансиски колапс!

– Мора да се понесе одговорност затоа што тоа се пари од сите жители на град Струга, а не на поединци блиски до СДСМ и ДУИ, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged