(ФОТО) Општина Охрид предизборно се полни со партиски кадри: Објавени огласи за 10 вработувања

Охрид

Општина Охрид го следи трендот на партиски вработувања, кој владата на СДСМ го наметна во последниов период.

На само неколку месеци пред предвремените парламентарните избори, локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески објави огласи за 10 вработување.

Имено, објавени се повеќе огласи за вработување на државни службеници во повеќе сектори. Се бара: Советник за правни работи и застапување, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи; Виш референт за архивско и канцелариско работење, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи; Раководител на одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за општи работи; Помлад соработник за евиденција на буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања; Помлад соработник за геодетско обележување, Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште; Раководител на одделение за туризам, Сектор за туризам и локален економски развој; Раководител на одделение за локален економски развој, Сектор за туризам и локален економски развој; Помлад соработник за детска заштита, Одделение за детска, здравствена и социјална заштита, Сектор за образование, детска, здравствена и социјална заштита; Помошник раководител на сектор за спорт, млади и невладини организации; Помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот.

Осум од десетте работни места се резервирани за Македонец/ка. Позицијата раководител на одделение за туризам, Сектор за туризам и локален економски развој е резервирана за Албанец/ка, додека позицијата раководител на одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за општи работи е наменето за други националности.

Според огласите платата достигнува и до над 30.000 денари, а очигледно е дека огласите кои што се објавени се направени спрема кандидати кој веќе претходно се избрани.

Владејачката СДСМ додека беше во опозиција речиси и да не поминуваше ден, а да не обвини дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели, односно дека администрацијата е превработена. Се држеа прес конференции се вадеа наводни „докази“ се збореше дури и во предизборниот период дека ситуацијата ќе се среди. Но, сега се појасно е дека едно се зборува во опозиција, а сосема друго се прави од позиција на власт.

Повеќе за објавените огласи можете да погледнете ТУКА

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged