Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец – Охрид со 8 медали од „Перник Опен 2019“ – Бугарија

Спорт

Викендов во Перник соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар – дисциплина спаринг до 18 години, на кој учество зеде и нашиот најдобар клуб, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид. Тие на овој натпревар настапија со 10 натпреварувачи од кои 8 се закитија со медали, и тоа 1 златен, 2 сребрени и 5 бронзени медали.

Tренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, користи прилика да се заблагодари на нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, кој е најзаслужен за нивното учество на овој престижен натпревар. Лазаревски вели дека неговите натпреварувачи повторно направиле да се гордееме со нив.

– Познато ни е дека Бугарија е една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал, конкуренцијата беше голема и квалитетна, иако на овој турнир ждрепката не беше на наша страна, а секако и покрај судиската пристрасност нашите натпреварувачи успеаја да освојат 8 медали од кој 1 златен, 2 сребрени и 5 бронзени медали. Имавме прилика да ги гледаме, а некој од нашите натпреварувачи и да се натпреваруваат со репрезентативците на Бугарија до 18 години. Најголемо изненадување ни приреди Јохан Парулески кој е дебитант, а го заработи неговиот прв златен медал во неговата категорија. Тој во финалето ги победи и судиите и се искачи највисоко на пиедесталот. Елена Јанеска која е се поблиску до оствраување норматив за Европско првенство, и овај пат докажа дека е врвен спортист. Таа во полуфинале ја победи убедливо домашната претставничка, но загуби во финалето од судиите, освојувајќи сребрен медал. Давид Крстески прва борба падна со Европскиот вицешампион Љубомир Дракалски. Како и претходниот пат и овој пат имаа израмнета борба и со мала помош од судиите понатака продолжи домашниот претсавник. Давид Велковски во полуфинале падна со репрезентативецот на Бугарија и беше поразен од судиите иако беше доминантен во борбата над неговиот противник, демонстрирајќи врвна техника. Марио Крстески во финале изгуби заслужено, при што противникот заслужено го зеде првото место во нивна категорија, претходно во полуфинале совладувајќи го нашиот дебитант Никола Балчески. Од нашите дебитанти повторно бевме пријатно изненадени, кои освоија бронзени медали: Христијана Парулеска, Софија Колушоска, Никола Балчески и Михаил Јоноски. На овој турнир со медал не се закитија само Давид Крстески и Димитар Андрески за кого ова беше прв натпревар, изјави Лазаревски.

Освојувачи на медали се:

Јохан Парулески – 1 место категорија деца 8-9 год. -50 кг

Елена Јанеска – 2 место категорија кадетки 12-13 год. +60 кг

Марио Крстески – 2 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг

Никола Балчески – 3 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг

Христијана Парулеска – 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Софија Колушоска – 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Михаил Јоноски – 3 место категорија кадети 12-13 год. -50 кг

Давид Велковски – 3 место категорија јуниори 16-17 год. -69 кг

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged