(ФОТО) Охриѓани вечерва дишат загаден воздух

Охрид

Охриѓани вечерва дишат загаден воздух. Тоа го покажуваат податоците на апликацијата „Мој воздух“. Па така според податоците од 19 часот вечерва од мерното место „Охрид – Богомилска“ концентрацијата на ПМ 10 честички изнесува 241 микрограм на метар кубен, што е за речиси пет пати повеќе од дозволеното (50 микрограми/метар кубен).

Во исто време мерната станица „Охрид – Мирче Ацев“ ги дава следните податоци. 143 микрограми PM 10 честички на метар кубен, скоро три пати повеќе од дозволеното.

Најалармантна е состојбата на мерното место „Охрид – Кеј Македонија“. Имено на тоа мерно место во 19 часот нивото на ПМ 10 честички било над шест пати повеќе од дозволеното.

Охрид долги години важеше за воздушна бања, но последниот период сведоци сме на се поголем и поголем број денови во кои воздухот е загаден.

Наместо мерки за заштита на животната средина како што власта ветуваше во предизборниот период, граѓаните се сведоци како секојдневно никнуваат нови објекти во централното градско подрачје кои ги спречуваат ветровите кои дуваат од правец на езерото, а кои граѓаните и екологистите ги посочуваат како главен фактор за почист воздух.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged