(ФОТО) Новиот претседател на ГФК Охрид седна на софра со фудбалерите, граѓаните прашуваат што слават

Охрид

Есенската полусезона во втората фудбалска лига запад заврши. Фудбалерите на ГФК Охрид иако на почетокот влегоа со големи амбиции, сепак сезоната ја завршија на претпоследното место, односно од десет екипи, ГФК Охрид го зазеде деветтото место. Единствено екипата на Кадино која вчера беше совладана со 3-2, заврши зад Охрид.

Очигледно тоа што завршија на претпоследното место, не било пречка раководството на клубот предводено од новиот претседател, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски, да прослават како да го освоиле првенството.

Резултатски можеше и требаше многу подобро, но во тешки времиња јунаците се познаваат. Екипата покажа голем тимски дух…

Posted by ГФК Охрид Лихнидос on Saturday, 30 November 2019

Ваквиот однос наиде на критика како од обичните граѓани, така и од навивачката група „Рибари“ и од истакнати спортски работници. Тие се прашуваат дали тоа што Охрид ја зазел претпоследната позиција зад екипи кои се под нивото на Охрид, е причина за славење и честење по кафани со парите на граѓаните.

На почетокот од сезоната претседател на клубот беше директорот на ЈП Водовод Охрид, Владимир Алексијоски, а од пред неколку дена после неговото повлекување, претседателската позиција ја презеде директорот на ЈП Охридски комуналец, Љупчо Грданоски. И овој пат големите фудбалски имиња од градот беа изоставени.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged