Сообраќајна незгода кај Лагадин, двајца повредени

Охрид

На 30.11.2019 година во 13,10 часот, на регионалниот пат пат Охрид- „Св.Наум“ кај населбата „Лагадин“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Спарк“ управуван од Е.Т.(27) од Пештани и „Сеат Ибица“ управуван од А.З.(24) од Охрид. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на второто возило како и малолетник, сопатник во првото возило. Двајцата се пренесени во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged