Утрово нов земјотрес во Албанија, тресеше и во Македонија

Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава, на 02.12.2019 регистрирше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на растојание 160 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот се случи во 9.26 часот со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови – Кичево, Охрид и Битола, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината според истата скала.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged