Денеска го славиме светецот кој се смета за заштитник на сите оние кои неправедно страдаат и патат

Македонија

Свети Варлaм беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги покади.

Но, Варлaм долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлaм издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година.

Заблагодарувајќи му се на животот исполнет со страдања светиот маченик Варлaм се смета за заштитник на сите оние кои неправедно страдаат и патат.

Се верува дека кој денес отиде во црква, запали свеќа и се помоли на овој светец ќе добие олеснување и простување на гревовите.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged