Не чекајте субвенции од 3.000 евра за замена на старите со нови автомобили – Владата ги пренаменила парите

Македонија

Граѓаните кои планираа да си купат автомобил и ги чекаа најавените субвенции од државата кои требаше да изнесуваат до 3.000 евра, повеќе нека не чекаат. Бомбастично најавената мерка за обнова на возниот парк во земјава, издиша како балон. Нема ниту пари во буџетот за наредната година предвидени за оваа намена.

– Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави Ангеловска.

Со Програмата на ресорот економија за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило првично беа најавени субвенции од 2.000 до 3.000 евра за замена на старите возила со нови и буџет од околу 2,7 милиони евра, или замена на околу 900 возила. Дури требаше да важи и замена и со половно возило, но со Еуро 5 и 6 стандард, под услов  да се одјави старото возило. Министерот Бектеши сега ретерира- вели не ги излажал граѓаните.

– Што се однесува до тоа дека сме ги излажале граѓаните јас мислам дека е спротивното. Во главно сите мерки кои се спроведуваат се спроведуваат по моделот прв дојден прв услужен. Ние во тој момент ако предвидевме директни средства за субвенционирање на оваа мерка, тогаш ќе имавме лимитирачки фактор само за 500-1000 граѓани што ќе купат нови возила и ќе се откажат од старите. Што ќе правевме ако други граѓани 2000-5000 граѓани ќе го направат истото, а ние не ќе имаме простор во буџетот да ги субвенционираме, вели Бектеши.

Тој тврди не се откажуваат од намерата за обнова на возниот парк, но детали најавува дека ќе соопштат до крајот на месецов. Инаку од над 460.000 регистрирани возила во земјава, речиси 270.000 се постари од 18 години.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged