Поради НАТО, кинеската опрема во македонската мрежа за Владата е многу проблематична

Македонија

Иако не е услов за членството на Македонија во НАТО се отвораат прашања околу безбедноста и кинеското влијание во развојот на 5Г мрежата и дигиталната инфраструктура во земјата, потврдија денеска од Владата, пишува Лидер.

На Самитот на лидерите на НАТО кој ќе се одржи утре во Лондон, 5Г технологијата, улогата на Кина и на нејзиниот оператор Хуавеи ќе бидат отворени, како што најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Мнозински сопственик на Македонски Телеком е унгарската Матав, дел од Дојче Телеком, кој соработува со Хуавеи во развојот на новата технологија. Оттука Владата, иако е делумно сопственик на македонските телекомуникации има ограничено влијание врз одлуките поврзани за 5Г, велат од Владата.

Меѓутоа, со оглед на жестоките расправии во ЕУ и во НАТО за ризиците што ги носи кинеското влијание преку Хуавеи, но и со оглед на загриженоста во нашата влада, велат дека прашањето се разгледува од блиску и оти ќе има реакција.

– Ние не сме доминантен сопственик, но сепак имаме удел во нашиот Телеком, и сме регулатор, ќе се трудиме во стратегиите што ги носи Владата за 5Г како услови да бидат вградени овие безбедносни услови за НАТО, наведуваат високи владини извори денеска во Лондон на брифинг со новинарите.

Прашањето за тоа до кој степен треба да се отворат пазарите за кинескиот гигант се една од најбурните теми помеѓу сојузниците во НАТО и прашањето ќе биде на маса и утре, за Македонија, како што велат од Владата, „прашањето не може да се одмолчи“ и покрај тоа што станува збор за приватна фирма.

Темата е отворена на највисоко ниво во Владата, и како што ветуваат оттаму, нема да остане без реакција.

– Рано е да кажуваме, но како регулатор ќе се вмешаме, тврди висок владин извор.

Прочитајте повеќе ТУКА

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged