Нова тура бомби за „Рекет“: Се споменуваат Заев, Рускоска, чантата со пари и односот на Боки 13 со Зоран Милески

Македонија

На истиот видеоканал каде пред три дена беа објавени снимки на кои се слуша гласот, за кој дел од медиумите тврдеа дека припаѓа на Орце Камчев, денеска има нова тура на аудиозаписи.

На нив повторно се слуша истиот глас, кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, а овојпат со соговорниците се отвораат теми како каде завршила „Луј Витон“ чантата, дека во неа имало „џи-пи-ес“ уред, се поменува обвинителката Вилма Рускоска, Врховен суд, извесен Јово…

Снимките се објавени во неколку одделни видеа на каналот „U6e Big“.

1. 

Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не не пуштија они. Што зборите вие?

2.

Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молим те уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав…

3.

Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.

4.

Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната (се слуша гласно смеење).

Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори (повторно следи смеење).

5.

Соговорникот прашува „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“,  одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.

6.

Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“, вели гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“.

7.

Се споменува извесен Геро, што упатува на тоа дека можеби станува збор за новинарот Бранко Героски, кој прв објавуваше текстови за рекетот што го зел Бојан Јовановски познат како Боки 13. Гласот кој личи на познатиот бизнисмен, кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, вели: „Геро ќе ги пука сите сега“.

„Влегуваш во таков хардкор порнич. Богат човек си, си направил услуги на светот, на Запад. Седни изиграј малце, напрај, седни со Христијан, договори се. Свиткај кичма, си свиткал и за името. Сè е договор, да го е**м. Што е ова тепање, крвови да има. Во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хеликоптери, од Љубе Бошковски на времето, оние. Тие не стануваат писта. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“, се слуша во снимките.

8.

„Се знае точно кој ги има сработено. Они кога сè уште ретардирани во институции имаат луѓе… Знаеш ти што значи 100 илјади евра да дадеш на истражител за да ти даде на стикче? 100 илјади евра?“, се слуша на аудиоснимката.

9.

„Орце шокираш“, вели еден од гласовите на новите аудиоснимки на кои денеска сеир фаќа јавноста. Во една од нив, соговорник, чиј глас наводно личи на познатиот бизнисмен сведок во „Рекет“, откива некои детали за односнот на обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 со осудениот Зоран Милевски-Кичеец.

„Знаеш колку е исшетан тој куфер, колку е изнасниман?“, се слуша од гласот што наликува на сведокот, смеејќи се. Од соговорникот добива ново прашање „Кај идел со тој куфер?“, на што сведокот одговара „Во Загреб, во Италија, во к**ови, па со Зоки биле во Милано заедно. Абе Зоки се плеска со него, што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел. Деки ги фатил како се лижеле. Мене ми кажа друг човек, го е**л овој нашиов за 500 евра, 500 евра од е***е. Три пати ако сакаш. Исти к**ац дали е пи**а. Кај се заработуваат 1500 дневно бе, каде“, вели гласот кој наликува на сведокот од „Рекет“, по што соговорниците велат: „Орце, шокираш, Орце“.

Разговорот продолжува со гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“ кој вели: „Факт е дека имало нешто, викаат интимно. Небитно, може. Секој може да биде би, геј, стрејт, секој може да биде различно. За вкусови не се разговара, уствари“.

И пред три дена беа објавени тајно снимени разговори. Како што и самата обвинителка Вилма Рускоска потврди, тие снимки не се во доказите за случајот „Рекет“ кои биле доставени до обвинителството.

извор: Република

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged