Додека граѓаните едвај го поминуваат месецот, Мерко потрошил над 10 милиони денари за репрезентација

Регион

Општина Струга, според извештајот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија, за две години, само за репрезентација, потрошила над 10 милиони денари. Ова е навистина недолично и безобразно трошење на парите на народот! Додека граѓаните едвај го поминуваат месецот, општинарите живеат на висока нога, и тоа, истовремено додека општината е блокирана, милионски суми се трошат на репрезентација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

– Каква е оваа иронија, кога во Струга имаме голем број проблеми, како што се: уличното осветлување, загадената вода за пиење, канализациона мрежа во селата, неасфалтирани улици, кучиња-скитници и уште многу други, а над 10 милиони денари се потрошени на репрезентација односно по кафани, ресторани и хотели! Ако овие пари ги вложевте само во еден дел од проблемите со кои се соочувавме, совеста ќе ви беше чиста, ама очигледно парите и моќта ве заслепиле!, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга и надополнуваат:

„Упорно одите со глава во ѕид, упорно тонете подлабоко во бездната која секој ден е се подлабока! Зарем немате чувство за соживот, да му помогнете некому, кому му е потребна помош, да вложите во Струга и околните села! Ама на се има крај, ќе дојде и вашиот и тоа многу брзо затоа што народот не заборава и не простува!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged