(ФОТО) Охрид синоќа во врвот според аерозагаденоста: Место воздух се дишеше отров

Охрид

Според податоците од апликацијата „Мој воздух“, Охрид синоќа беше во најзагадените градови.

Најалармантна е ситуацијата кај мерната станица „Марко Цепенков“, односно кај Општата болница, каде во 00 часот беа измерени 488 пм10 честички на метар квадратен или речиси 10 пати повеќе од дозволеното. Таму изминатото деноноќие во повеќе наврати бројките беа во црвената зона.

Ништо поразлично не беше и на останатите мерни места, каде исто така вредностите беа над дозволената граница.

Според ваквите вредности за квалитетот на воздухот, слободно може да се каже дека охриѓани синоќа место воздух дишеа отров.

Тие тоа го искажаа и на социјалните мрежи каде се жалеа на непријатна миризба.

Сепак она што загрижува е тоа што локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески не мрда со прст за да се справи со проблемот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged