Охрид со Константин Георгиески се најде на врвот на најзагадени градови

Охрид

Охрид со Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески се најде на врвот на најзагадени градови во Македонија.
За Георгиески чистиот воздух не е клучен за здравјето и за животот на охриѓани и не презема ништо за да се справи со проблемот, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

– На мерната станица ,,Марко Цепенков“ во текот на вчерашниот ден се измерени најмногу 488 мг на метар кубен ПМ честички во воздухот во Охрид. Охриѓани место воздух дишат отров. Власта и Георгиески воопшто не се подготвени за решавање на проблемите, туку создаваат нови и нови. Депонијата „Буково“ гори, урбанизацијата во централното градско подрачје воопшто не е прекината, градежна механизација насекаде, континуирано се сечат дрва и се уништува зеленилото, хигиената е на најниско ниво, улиците со кал и прашина воопшто неизметени и за жал секојдневно никнуваат нови депонии во градот, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Понатака во партиското соопштение се додава:

„Веќе е крајот на годината, а од изградбата на фабрика за отпад нема никаква трага. Многу блиску е и месец февруари, господине Георгиески треба да им одговорите на УНЕСКО што направивте од ветеното со депонијата „Буково“. Георгиески воопшто не обезбедува услови за здрав живот за сите.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged