Жители на Пештани приведени поради незаконит риболов

Охрид

На 15.12.2019 во 18.05 часот на брегот на Охридското езеро кај населбата „Лагадин“, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода М.П.(38) и Н.Г.(28), двајцата од охридското село Пештани, поради незаконит риболов. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени: уловена риба охридска белвица, четири рибарски мрежи во различна големина, како и друга риболовна опрема. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged