(ФОТО) Општината ги оставила работите недовршени, па граѓаните сами си доплаќаат за да се заврши работата

Охрид

Почнале, но не завршиле. Жителите на Пештани се жалат дека локалната власт пред некое време започнала со градежни активности на улички низ селото, но истите биле оставени така недовршени. Пештанци велат дека поради тоа се приморани самите да собираат пари за да се завршат работите.

Исто така жителите на Пештани се жалат и на неквалитетно извршената работа на некои од улиците низ селото. Според нив тоа што било направено набрзина пред вонредните локални избори за гласови, денеска почнало да се распаѓа.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged