Започнаа Прличевите беседи, врачена наградата за најдобра поема

Култура

Чествувањата посветени на великанот Григор Прличев започнаа денеска со промоција на монографијата за „Поетска ноќ во Велестово“ од авторот Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на монографијата беше проф. д-р Димитар Пандев.

Во Центарот за култура, на посебна свеченост беше претставена наградената поема „ Крале Марко по втор пат“, а на авторот Славчо Ковилоски му беше доделено високото признание.

Утре, Беседите продолжуваат со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на ОУ „Григор Прличев“. Потоа ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев. Во Спомен куќата на Григор Прличев во 12:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“, во рамките на која беседа за Прличев ќе има Академик Витомир Митевски. Во 12:45 часот пред Бистата на поетот пред охридската библиотека ќе се положи ловоров венец и свежо цвеќе, а обраќање ќе има секретарот на Друштвото на писатели на Република Македонија, Мишел Павлоски. Во 13:oo часот ќе се одржи портрет на писателот и поет Видое Видически, како и видео-проекција „Од животот на Прличев“. Во рамките на прославата ќе се одржи и традиционалната манифестација „Охридска визита“.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged