Тепачка пред угостителски објект на улица „Железничка“

Охрид

На 02.01.2020 околу 04.00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички  напад извршен од 35-годишен жител од охридското село Велгошти врз 22-годишен жител од селото Драслајца, струшко. Напаѓачот  е повикан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Извор: СВР ОХРИД

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged