Алфа ексклузивно: Нови началници во секторите за внатрешни работи на Охрид, Скопје, Велес, Битола, Струмица и Штип

Македонија

Министерот за внатрешни работи на техничката влада, Наќе Чулев, одлучи кои началнички позиции ќе бидат сменети во неговиот мандат до одржување на изборите, објавува Алфа.

Законот дозволува Чулев да направи 15 нови назначувања на челни позиции на сектори, оддели и единици, за кои решенијата се веќе изготвени. Според информациите на Алфа, нови началници ќе има во секторите за внатрешни работи на Скопје, Велес, Битола, Струмица, Штип и Охрид. Нов началник Чулев ќе назначи и на Одделот за организиран и сериозен криминал, Внатрешната контрола,  на Одделот за специјални полициски операции, како и на Единицата за интервентна полиција и Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Целиот текст на Алфа

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged