ВМРО-ДПМНЕ Струга: Божик е најрадосниот христијански празник

Регион

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга, упатува честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божик!

Во честитката се вели:

„Божик е најрадосниот христијански празник во чија основа се принципите на љубов, благодарност и почит кон ближните.

Христовото раѓање не подучува да се радуваме на едноставните работи, миговите на благосостојба во домот, љубовта кон луѓето и хуманоста.

Да успееме да ја зачуваме топлината и хармонијата во домот, како на Божик, така и во текот на целата година. Да бидеме подобри и да сакаме посилно затоа што вербата ја прави секоја мисија возможна, надежта го прави секој подвиг достижен, а љубовта ги прави сите наши дела подобри!

Нека овој ден ни ги исполни срцата со блаженство, нека нè потсети да го прославиме Христовото раѓање и нека ни ги исполни домовите со мир, благосостојба и хармонија.

Среќен Божик, Христос се роди!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged