Македонија со победа го отвори ЕП

Спорт

Со голот на Лазаров со звукот на сирената Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство. Вечерва во Виена македонската ракометна репрезентација ја совлада Украина со 26-25 (13-10) и изби на врвот на табелата во Б групата.

Најефикасен во македонскиот национален тим беше токму капитенот Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Меѓу стативите блескаше Митревски со 16 одбрани, од кои 3 во клучните моменти. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци. Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.

Please follow and like us:
Tagged