Денеска на мегдан против Чешка

Спорт

Пред македонските ракометари денеска е нов предизвик. После воведната победа над Украина, Македонија денеска излегува на мегдан со нашиот добар познајник, селекцијата на Чешка против која досега имаме одиграно 15 натпревари, а во најголем дел биле решавачки за судбините на големите натпреварувања. Така беше во Ниш каде со победа од 27:21 изборивме втора фаза, а слично беше и во Хернинг кога на крајот беше 24:24. По овие дуели се радувавме ние, додека пред две години во Вараждин загубивме минимално 24:25.

Натпреварот Македонија – Чешка е прв од денешната програма во „Виенер Штадхале“ и почнува во 16 часот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged