Вечерва се дочекува православната Нова година – кои се обичаите и верувањата?

Македонија

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечерва се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, вечерва новата година ја слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged