Николоски: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои над 61 пратеник на изборите

Македонија

Од 2020 на политички план очекувам големи промени и ние да формираме Владата по изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Според него, новата влада ќе донесе голема промена и на економски и на политички план.

– Во делот на економијата, ќе донесеме значајно повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Во делот на политичките теми, пак, забрзување на реформите со цел почеток на преговори со ЕУ. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да однесе убедлива победа со огромна разлика во однос на СДСМ, затоа што постои сериозно разочарување од политиките на СДСМ, како и енормна корупција и криминал. Со нашата програма, ќе дадеме одговори на овие предизвици кои се надевам ќе бидат препознаени од граѓаните, вели Николовски.

Тој додава дека очекува ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои 61 пратеник, а после изборите, како што објаснува, ќе градат партнерство врз принципот на слични програми.

OХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged