(ФОТО) Кошиштани верни на традицијата за Василица

Охрид

Традиционално и оваа 2020 година во маалото во населба Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј” се разгоре василичарскиот оган. Се играа ора, проследени со музика.

Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино. Точно на полноќ, минатогодишната кума Хрисантина Паскали, на присутните им подели банички. Среќата што ќе ги следи преку цела година им се насмевна на Виолета и Томе Кузманоски и нивното семејство, кои ја пронајдоа паричката во нивната баничка со што воедно се и нови кумови.

Паричката која се врти во Кошишта е традиционално истата сребрена паричка со верски православни симболи и порака која се пренесува од година во година. Секоја година се доделува по една баничка на фамилија и на таа фамилија што ќе ја пронајде паричката се смета дека во Новата година ќе ги прати бериќет и среќа!

Годинава овој настан беше проследен и со спектакуларен огномет како подарок од Party Makers Team.

старата кума со новите кумови
новите кумови

фото: Антонио Стаматоски

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged