Хуманиот третман на бездомните животни остана само чиста лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски

Охрид

Хуманиот третман на бездомните животни остана само чиста лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. За тоа сведочат потресните фотографии и видеа кои ги објавуваат граѓаните. Искасани граѓани, отруени, болни, тепани и убивани животни на улиците во општина Охрид. Наместо градење стационар, имаме револтирани и беспомошни граѓани, истакна советничката во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Лидија Петкоска, на денешната прес-конференција.

Таа запраша зошто и покрај неколкуте одлуки на Совет и обезбедените 1,300,000 денари средства од Буџетот на општина Охрид сѐ уште нема ништо од функционирањето на стационарот?

– И покрај шинтерската служба, спроведени тендери за ветеринарни услуги, услуги за дезинфекција и дератизација, снабдување храна за кучиња и обезбедување на превозни средства за заловените кучиња решавањето на проблемот со бездомните животни остана само класична предизборна приказна, рече Петкоска.

Како што напомена Петкоска, директорот Грданоски наместо да го игнорира овој проблем веднаш да си поднесе оставка.

– Ако Грданоски тоа не го стори, тогаш градоначалникот Георгиески да го разреши затоа што само така ќе докаже дека се грижи за Охрид да остане во УНЕСКО, за Македонија да оди во ЕУ и за хуманиот третман на бездомни животни да биде на европско ниво, додаде Петкоска.

Таа ги повика надлежните институции да ги откријат и соодветно да ги санкционираат сторителите на овие грозоморни труења.

– Охриѓани и туристите не очекуваат чуда. Тие бараат исполнување на ветеното, конечно да го изградите и да профункционира ветениот стационар. Огромна и неспоредлива е разликата помеѓу она што направивте и она што најавивте дека ќе го направите, а времето истекува, заврши Петкоска.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged