Подолг период не работи рампата на пристаниште, а локалната власт е незаинтересирана за решавање на проблемот

Охрид

Веќе подолг период не работи рампата на пристаниште кај Фаќачот на крст, а локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески е тотално незаинтересирана за решавање на проблемите на охриѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Понатака во нивната реакција се вели:

„Од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ нема никаква загриженост поради тоа што им се ограничува движењето на граѓаните поради неисправната рампа.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните да ги преземат сите мерки да ја стават во функција рампата за да може непречено да се движат граѓаните и туристите.

Доколку надлежните не можат да го решат овој проблем, тогаш како да очекуваме дека ги решат поголемите проблеми во градот за кој ги излажаа охриѓани.

Со СДСМ и Георгиески правиот пат наједноставно е попречен со рампа и нема напред за Охрид!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged