(ФОТО) За амбиенталниот воздух немало пари, ама за коцкарници има: Владата во заминување доделува тендер за 1.500 коцкарски машини

Македонија

Владата во заминување доделува тендер на „EuroGames Technology Ltd.“ во висина од 402 милиони денари за 1500 коцкарски машини, па знаете ли што значи тоа по 75 општини, тоа е по 20 апарати по општина на ниво на Македонија. Ако ги тргнеме помалите места, на секоја од скопскиве општини ќе имаме по 100 апарати, а за амбиненталниот воздух ќе речете нема пари 2 милиони евра има годишно, а сега има за 1.500 коцкарски машини, истакна пратеникот Владимир Ѓорчев на денешната собраниска дискусија.

Тој истакна дека нема населба во Скопје или маало каде нема коцкарница или казино.

-Кој профитира од тоа? Неколку луѓе, а кој е губитник од сето тоа – илјадници луѓе, луѓе кои имаат по 300 евра плата, а пола плата им оди за тоа. Ние треба да го браниме јавниот интерес, затоа треба да превземеме нешто на оваа тема, вели Ѓорчев.

-Во рок од 5 години околу ново отворено казино, бројот на разбојништва се зголемува за 136%, бројот на агресивни физички напади се зголемува за 91% бројот на ограбени коли се зголемува за 87%, бројот на провали за 50%, бројот на силувања се зголемува 21% бројот на убиства за 12%, сите социјални патологии агресивни напади, наброи Ѓорчев.

Тој исто така вели дека со ова се зголемуваат личните банкроти, се зголемува физичкото насилство, се зголемуваат физичките напади кон жените.

-Во таа микросредина се случува катастрофите, а во Македонија нема населено место без коцкарница и обложувалници, само на Партизанска во Скопје има 20-тина. Малолетници ни влегуваат во овие објекти и наместо парите на книги ги трошат парите на коцка, нашите деца влегуваат таму, последиците ги сносат семејствата, локалните заедници и целата држава, ние треба да бидеме одговорни луѓе. Дали еден објект е казнет или затворен заради влез на малолетник? праша Ѓорчев.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged