Мицкоски: Ни го сменија името и идентитетот за да пљачкаат и бидат власт

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат се осврна и на процесот на промена на името и идентитетот. При тоа тој се осврна на два моменти.

– Првиот дел е оној суштинскиот. Тоа е дека власта со нејзиното политичко функционирање, или владата и Зоран Заев и луѓето околу него функционираа на една основа, го украдоа името, го украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја уништија гордоста и достоинството на граѓаните во Македонија. Втората работа е пљачка криминал и корупција. Тоа е политичкото функционирање на оваа владеачка гарнитура. Затоа велам дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација, нагласи Мицкоски.

Оттука поради овие работи, како што истакна Мицкоски. многу јасно е дека на престојните избори во април ќе загубат и ќе следи обнова на Македонија.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged