Денеска почна пријавувањето на капачи кои ќе го бараат чесниот крст во Охридското eзеро

Охрид

Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското eзеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, почна денеска (16-ти јануари) во 12 часот.

Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евидентирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.

Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged