За што се искористени предвидените 8.800.000 денари за реконструкција на улицата „АСНОМ“ кога истата остана недовршена?

Охрид

Ако градоначалникот Константин Георгиески конечно заврши со скијањето крајно време е да проба нешто да сработи, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во денешното соопштение.

Оттаму додаваат дека локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески ниту реализира сообраќајни решенија, ниту реконструира улици. СДСМ и Георгиески не овозможуваат услови за безбеден и динамичен сообраќај.

– Власта на СДСМ и покрај тоа што ги тргна од реконструкција улиците „Македонски просветители“, „Абас Емин“ и „Јане Сандански“ за сметка на улицата „АСНОМ“ сепак целосната реконструкција на истата остана недовршена. Граѓаните имаат право да знаат за што се искористени предвидените 8.800.000 денари за реконструкција на улицата „АСНОМ“ кога истата остана недовршена? Скоро половина година како тротоарите стојат нечепнати, а граѓаните се револтирани од таквата ситуација. Градежните работи не се завршени иако требаше да завршат во рок од 60 дена, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и надополнуваат:

„Според СДСМ и градоначалникот Георгиески завршено е сѐ и граѓаните треба да се задоволни затоа што им е средена улицата „АСНОМ“, па да си молчат во 2020 година иако не е завршена целосната реконструкција на улицата. Со СДСМ и Георгиески нема градежни и инфраструктурни проекти за Охрид.“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged