(ФОТО) Охрид се подготвува за Водици: Започна украсувањето на градот, се чистеше езерото каде ќе се фрла крстот

Охрид

Охрид се подготвува за прослава на празникот Богојавление – Водици.

Денеска започна украсувањето на охридското пристаниште и крајбрежниот потег. Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште.

Покрај украсувањето, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска извршија чистење на Охридското езеро на потегот кај градското пристаниште. Оваа акција има за цел да ја подобри безбедноста на локацијата со отстранување на отпадoците и предметите што се потенцијална опасност за капачите кои ќе го бараат чесниот крст во езерските води.

Покрај отстранувањето на отпадот од дното на езерото, во делот од градското пристаниште беше извршено и соодветно обележување на капалиштето.

Празникот Богојавление – Водици е најголемиот и најдолго очекуваниот празник за Охрид и охриѓани, а градот за овој голем празник е центар на православието.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged