Охрид му оддаде почит на ликот и делото на Прличев

Култура

Охрид со низа активности ја одбележа 126 годишнината од смртта на Григор Прличев.

Во неговата спомен куќа се одржа манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“ на која со поетски рецитали настапија победниците на литературниот конкурс по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ и уметници од градот.

Во градската библиотека „Григор Прличев“, попладнево се одржа Портрет посветен на роднокрајниот поет и писател Видое Видически, по што беше прикажан филмот „Од животот на Прличев“

Во рамки на настаните посветени на ликот и делото на Прличев, денеска на неговиот гроб се одржа и панихида, а бројни делегации положија свежо цвеќе.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged