Второто полугодие во основното училиште “Страшо Пинџур” – Вевчани започна во ладни училници

Регион

Второто полугодие во општинското основно училиште “Страшо Пинџур” – Вевчани започна во ладни училници и со млаки радијатори. Освен што не се затоплени училниците, целосно незатоплени се и ходниците низ коишто се движат децата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани.

Оттаму посочуваат дека во изминативе два дена имало реакции од многу родители дека децата на училиште седат со јакни поради студот.

– Бараме од градоначалникот Јанкоски да интервенира и да се обезбеди соодветно затоплување на училниците во училиштето и да побара одговорност од директорот на училиштето кој не обезбедил греење за дечињата. Овој проблем е резултат на неодговорното владеење на властите, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged