Криејќи се зад превезот на УНЕСКО и Светиклиментовиот Универзитет, СДСМ докажуваат дека својот личен интерес го ставаат пред интересот на студентите и градот

Охрид

СДСМ и Зоран Заев застанаа на патот на иднината на младите и развојот на образованието во Охрид и Македонија. Власта на СДСМ создава правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Oва на денешната прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Перчо Божиновски, кој запраша дали вицепремиерката Мила Царовска знае што се случува во реалноста и за што се залага пратеничката Жаклина Лазаревска или беше на партиска агенда кога го посети Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“?

Како МОН и Царовска креираат концепт за дуално образование приспособен на локални услови кога се укинуваат факултети од техничките струки и професии? Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлага да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство, рече Божиновски.

Според него, од една страна СДСМ и Заев предлагаат Закон за Универзитетот со цел продуцирање кадри за заштита на културно наследство, а од друга страна СДСМ и градоначалникот Георгиески ништо не преземаат за решавање на проблемот со дивоградбите и заштита на статусот на Охрид во УНЕСКО. Крајно лицемерно!

СДСМ криејќи се зад превезот на УНЕСКО и Светиклиментовиот Универзитет докажуваат дека својот личен интерес го ставаат пред интересот на студентите и градот. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се слушнат забелешките на студентите и професорите, а ставот ќе го изгради по одржување на јавната расправа. Ако сакаме вистински реформи во образованието и ги следиме потребите на пазарот на трудот во Македонија тогаш сите заложби треба да бидат насочување на младите повеќе кон техничките науки, а не спротивно. СДСМ и  Заев не спроведоа никакви реформи и единствено што сакаат е да го уништат веќе направеното во образованието. По 12 април доаѓа обнова на образованието, нагласи Божиновски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged