(ФОТО) Општинската зграда во Вевчани претворена во партиски штаб на СДСМ

Регион

Злоупотребата на јавните ресурси, администрацијата и државните институции од страна на СДСМ покрај на централно ниво е широко распространета и низ општините во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани, од каде откриваат дека општинската зграда во Вевчани e претворена во партиски штаб на СДСМ.

Покрај целосната партизација на институциите со масовната објава на јавни огласи за вработување на партиски активисти во периодов, секојдневно сме сведоци на злоупотреба на јавни средства за потребите на СДСМ. Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски кој истовремено е и претседател на ОО СДСМ Вевчани, зградата на општина Вевчани ја има претворено во партиски штаб на СДСМ каде се одржуваат редовни партиски состаноци. Во текот на вчерашниот ден во просториите на општина Вевчани, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, одржа партиски состанок со градоначалникот, локалните функционери и кандидатите за вработувања кои очекуваат исход од партиските тела за вработување во локалните и државните јавни институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани.

Оттаму додаваат дека ова не е прв пат градоначалникот да ги користи ресурсите на општина Вевчани за партиски цели.

Неодамна градоначалникот беше забележан како со службеното возило на општина Вевчани патува на седници на партиските органи во седиштето на СДСМ во Скопје. Општинските простории, средства и ресурси не се партиски и оваа пракса треба да прекине, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged