(ФОТО) Охриѓани се гушат: Мерните станици синоќа регистрираа високо загадување

Охрид

Мерните станици синоќа покажуваа големо загадување на воздухот во Охрид.

Според податоците од апликацијата „Мој воздух“ најзагадено повторно беше на мерната станица „Марко Цепенков“ со 560 ПМ10 честички на метар кубен, што е за десет пати повеќе од дозволеното. На мерната станица „Мирче Ацев“ беа измерени 285 ПМ 10 честички на метар кубен, а на Кеј Македонија и Туристичка речиси идентични вредности, над четири пати повеќе од дозволеното.

Исто така и мерните станици кои општина Охрид ги постави неодамна, синоќа регистрираа високи вредности на аерозагадување. Според тие станици најзагадено беше на мерното место „ЈП Охридски Комуналец – Механизација“ со 214,33 ПМ 10 честички на метар кубен или над четири пати повеќе од дозволеното. Кај гимназијата беа измерени 179,65 ПМ 10 честички на метар кубен, слични вредности беа измерени и кај основното училиште „Св. Климент Охридски“, додека кај општинската зграда вредноста на ПМ 10 честичките изнесуваше 166,81 на метар кубен.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged