Предизборните ветувања на СДСМ за дислокација на депонијата, останаа затрупани во безбројните лаги кои ги пласираат секојдневно!

Регион

На денешната седница на Советот на општина Струга, на дневен ред е ставена точка за извештајот за потрошените средства за одржување на градската депонија. Замислете, каква иронија е кога се трошат годишно над 5.000.000 (пет милиони) денари за одржување на депонијата, а Струга и стружани се задушени од штетниот отпад кој постојано се одлага и гори на депонијата!

Oва на денешната прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга, Мирче Аџиоски, кој напомена дека предизборните ветувања на СДСМ за дислокација на депонијата, очигледно, останаа затрупани во безбројните лаги кои ги пласираат секојдневно!

Тој запраша до кога, СДСМ ќе ги лаже граѓаните и ќе им ги замачкува очите?

Зарем, толку сте бескруполозни, па ги полните сопствените џебови, по цена на здравјето на нашите сограѓани. За здравјето на граѓаните на Струга не ве интересира ништо, но запомнете и вие живеете тука, го дишете токсичниот воздух од ѓубрето кое предизвикува најразлични смртоносни заболувања! Зарем, не се срамите да ги погледнете граѓаните во очи, кога секојдневно се разобличува по една ваша лага? Зарем, немате малку чест и достоинство, па еднаш да запрете со вашите евтини лаги кој секојдневно излегуваат на површина, а за кои народот скапо плаќа? Ама, бидете сигурни дека ова ваше самоволие и расипништво жестоко ќе биде казнето од секој еден граѓанин затоа што вашите ,,ветувања останаа само пусти и празни зборови на хартија, заврши Аџиоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged