Охриѓанец противправно одзел дебитна картичка од друг охриѓанец и подигнал над 50.000 денари

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од октомври 2019 до декември 2019, пријавениот противправно му одзел банкарска дебитната картичка на друг охриѓанец, по што неовластено навлегол во компјутерски систем со намера за искористување на неговите податоци и во повеќе наврати преку различни банкомати на подрачјето на Охрид и Скопје подигнал вкупно 53.600 денари.

извор: МВР

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged