(ФОТО) Какво време ќе имаме во последните денови од Јануари

Македонија

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во ноќните часови снежни врнежи ќе има и на повисоките места.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Охрид максималната температура ќе се искачи до 10 степени.

Во четврток претпладне се уште ќе има повремени врнежи кои и на некои повисоки места ќе преминат во снег, а потоа следува период на стабилно и потопло време.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged